Малку фалеше Суарез повторно да гризне фудбалер, овојпат свој соиграч (ВИДЕО)

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Малку фалеше Суарез повторно да гризне фудбалер, овојпат свој соиграч (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Интер Мајами и Лос Анџелес понуди многу возбудувања, но беше засенет од нов скандал во кој повторно главна фигура беше Луис Суарез. Натпреварот беше исполнет со тензија, а атмосферата на теренот дополнително се вжешти по несекојдневна ситуација. Познатиот уругвајски напаѓач, кој веќе има „историја“ со вакви инциденти, повторно беше во центарот на вниманието – овојпат не поради противник, туку сопствен соиграч. Во обид да го смири, Жорди Алба можеби и беше гризнат од Суарез, што предизвика шок и неверување кај присутните. Суарез и претходно се соочуваше со сериозни последици поради своите испади, откако во минатото гризна неколку фудбалери. Овој потег само го продлабочи впечатокот за неговиот неконтролираниот темперамент на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.