April 14, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед повторно не успеа да им донесе радост на своите навивачи, откако доживеа тежок пораз од Њукасл со 4-1 во рамките на 32. коло од Премиер лигата. И покрај промената на тренерот, тимот продолжува да тоне. Новиот стратег Рубен Аморим засега не успева да внесе енергија и стабилност во екипата. Со овој дебакл, Манчестер Јунајтед го запиша својот 14. пораз сезонава во Премиер лигата и се наоѓа на незавидното 14. место на табелата. Аморим, слично како и неговите претходници, од Мојс и Ван Гал, до Солскјер и Тен Хаг, не може да ја пронајде победничката формула. Неуспехот против Њукасл симболично ја истакна една болна статистика. Во годините по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, клубот претрпе 115 порази во сите натпреварувања. Тоа е повеќе од 114-те порази што Манчестер Јунајтед ги имаше за време на целата 27-годишна ера на легендарниот Шкотланѓанец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |