Сега и официјално: Модриќ стана еден од сопствениците на Свонси!

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега и официјално: Модриќ стана еден од сопствениците на Свонси!

Лука Модриќ, фудбалската икона на Хрватска и Реал Мадрид, и официјално стана дел од сопственичката структура на англискиот клуб Свонси Сити, кој настапува во Чемпионшип лигата. По утринските шпекулации дека Модриќ купува акции во клубот, Свонси вечерва ги потврди информациите со официјално соопштение. „Свонси со задоволство му посакува добредојде на Лука Модриќ како нов член на нашата сопственичка група. Како еден од најдобрите играчи на својата генерација, неговото лидерство, знаење и страст за фудбалот ќе бидат од огромно значење за идниот развој на клубот.“ Модриќ не го криеше задоволството од овој нов предизвик. „Ова е навистина возбудлива можност. Свонси е клуб со силен идентитет, неверојатна навивачка база и амбиција да се врати на највисоко ниво. Сметам дека моето искуство на врвниот фудбал може да биде од корист и сакам да помогнам во создавање на позитивна и амбициозна иднина за клубот.“ Иако не се открива точниот удел на Модриќ во акционерската структура, јасно е дека ова претставува значаен потег, не само за хрватската фудбалска легенда, туку и за Свонси, кој со овој чекор добива влијателна и фудбалски ориентирана фигура во своето раководство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.