Некој не се воздржал на клупата на Барселона: Кој прдна? Ова е одвратно (ВИДЕО)

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Некој не се воздржал на клупата на Барселона: Кој прдна? Ова е одвратно (ВИДЕО)

Барселона не одигра најубедливо, но успеа да ја заврши задачата – со минимална победа над Леганес во Мадрид, каталонскиот тим ги освои трите бода и ја задржа предноста во однос на Реал Мадрид во трката за титулата во Ла Лига. Фокусот сега се префрла на реваншот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, но додека играчите се подготвуваат за европските предизвици, шпанските медиуми веќе имаат нова „загатка“ – овојпат од хумористичен карактер. Имено, за време на натпреварот со Леганес, камерите уловија момент на клупата за резерви кој стана вирален. Некој од фудбалерите очигледно „испуштил непријатен звук“, а реакциите беа моментални. – Кој прдна? – се слуша како прашува Френки де Јонг. – Дефинитивно Фати! – веднаш одговара младиот Кубарси. – Ова е одбратно, човече… – коментира со згрозен израз Мартин. Сцената стана хит на социјалните мрежи, а фановите на Барса се шегуваат дека ова е единствениот „експлозивен момент“ кој тимот го покажа на натпреварот. Што и да беше, атмосферата во тимот очигледно е релаксирана, а хуморот останува дел од секојдневието – дури и кога се бориш за титула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.