Анчелоти одржал говор од 10 минути и побарал две работи од своите играчи

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти одржал говор од 10 минути и побарал две работи од своите играчи

Реал Мадрид се наоѓа во незгоден момент токму во клучната фаза од сезоната. Поразот од 3-0 против Арсенал на „Емирати“ остави голема задача пред „кралскиот клуб“, да се врати од негатива од три гола во реваншот од Лигата на шампионите. И додека заостанува и во трката за титулата во Ла Лига зад водечката Барселона, Реал се соочува со двоен предизвик, ментален и физички. Свесен за ситуацијата, тренерот Карло Анчелоти денес одржал енергичен и мотивирачки говор пред своите фудбалери. Според информации од шпанските медиуми, Анчелоти зборувал цели десет минути на висок тон, барајќи од играчите само две работи: максимална посветеност и екстра залагање на реваншот против Арсенал. Мадриѓаните се надеваат на спектакуларен пресврт на „Сантијаго Бернабеу“, но јасно е дека ќе им биде потребна не само стратегија, туку и вистински борбен дух.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.