Атлетико се изнамачи против најслабиот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико се изнамачи против најслабиот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид успеа да излезе како победник во ефикасен дуел со Ваљадолид на „Ванда Метрополитано“, иако гостите, кои се речиси сигурни патници во втората лига, пружија повеќе од очекуван отпор. Натпреварот заврши со резултат 4-2 за „јорганџиите“, кои продолжуваат да се надеваат на чекор поблиску до водечките Реал и Барселона. Натпреварот започна шокантно за домаќините. Во 21. минута Сиља погоди од белата точка и му донесе водство на Ваљадолид – 0-1 и студен туш за домашната публика. Но, одговорот на Атлетико дојде веднаш. Само неколку минути подоцна беше досуден пенал и за нив, а Алварез сигурно реализираше за 1-1. Пресвртот не доцнеше. Веќе во 27. минута Симеоне со прецизен удар ги доведе домаќините во водство – 2-1. Сепак, борбениот Ваљадолид не се предаде. Во 55. минута Санчез погоди од слободен удар, а топката ја одби живиот ѕид на Атлетико и го измами голманот – 2-2. Атлетико повторно се врати во водство во 71. минута преку уште еден пенал, а Алварез по вторпат беше прецизен – 3-2. Победата беше запечатена во 79. минута кога Сорлот погоди за конечни 4-2, ставајќи крај на надежите на Ваљадолид. Иако математички сè уште се во игра, испаѓањето на Ваљадолид изгледа како неизбежно. Од друга страна, Атлетико продолжува да брка чудо надевајќи се дека ќе ги стигне водечките екипи на табелата во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.