Пандев е првиот Македонец кој го „осети“ пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

April 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пандев е првиот Македонец кој го „осети“ пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Во Милано пристигна еуфорија пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Интер ќе го пречека Баерн Минхен во обид да избори пласман во полуфиналето. Италијанскиот гигант има мала, но важна предност од првиот натпревар кој го доби со 2-1. Додека се ближи големата пресметка, атмосферата во градот на модата дополнително се загрева, не само поради натпреварот, туку и поради специјалните гости. Во Милано пристигна трофејот за првото Светско клупско првенство организирано од ФИФА, кое ќе се одржи во јуни во САД. Интер се погрижи пехарот да биде пречекан на посебен начин, а својот придонес во спектаклот го има и македонската фудбалска легенда. Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња и актуелен директор на репрезентациите, е присутен во Милано и ќе го следи големиот меч. „Легендата на Интер е тука… исто и трофејот“, напишаа од клубот на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии со Пандев и симболичниот пехар. Очекувањата се високи, сцената е поставена, а „неразурите“ се надеваат на уште една славна европска вечер.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Inter (@inter)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.