Анчелоти заминува ако не го елиминира Арсенал?!

April 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти заминува ако не го елиминира Арсенал?!

Сè погласни се шпекулациите дека Карло Анчелоти би можел да се раздели со Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона. Италијанскиот стратег се наоѓа под сериозен притисок, а клучна улога во неговата иднина ќе има реваншот против Арсенал во Лигата на шампионите. По поразот од 0-3 на „Емирати“, „кралскиот клуб“ ќе се обиде да приреди фудбалско чудо во Мадрид. Иако шансите не се на страната на Реал, ништо не е невозможно во фудбалот. Шпанските медиуми објавија дека претседателот Флорентино Перез неодамна имал приватен состанок со Анчелоти, каде темата била токму неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Доколку Реал биде елиминиран од Арсенал и не успее да се пласира во полуфиналето од ЛШ, Анчелоти најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната. Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Чаби Алонсо, кој моментално одлично се снаоѓа на клупата на Баер Леверкузен. Фабрицио Романо, добро познатиот фудбалски новинар, потврдува дека исходот од реваншот може да биде пресуден за иднината на искусниот италијански тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.