Ништо од Зубименди, Реал тргнува по ѕвездата на Ливерпул

April 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ништо од Зубименди, Реал тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Претстојното лето може да донесе големи промени во таборот на Реал Мадрид. Претседателот Флорентино Перез, познат по своите амбициозни трансфер-планови, повторно е насочен кон ангажирање на врвни имиња од светскиот фудбал. Еден од фудбалерите кој беше разгледуван како потенцијално засилување, Мартин Зубименди повеќе не е на радарот на „кралевите“. Според информациите на Фабрицио Романо, Перез се откажал од идејата да го доведе играчот од Реал Сосиедад. Наместо тоа, новата желба на Перез е Алексис Мекалистер. Аргентинскиот репрезентативец, кој игра одлично во дресот на Ливерпул, го привлече вниманието на раководството на Реал како идеално засилување за средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.