Интер деновиве ќе објави огромна вест за своите навивачи!

April 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер деновиве ќе објави огромна вест за своите навивачи!

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, постигнал договор со раководството на клубот за продолжување на соработката до летото 2028 година, објави „Газета дело Спорт“. Официјалната потврда се очекува по реванш натпреварот против Баерн Минхен, кој ќе се одигра во среда вечер. Инзаги, кој моментално заработува 6,5 милиони евра годишно, ќе добие зголемување на платата на околу 7 милиони, со што ќе го задржи статусот на најплатен тренер во Серија А. Актуелниот договор му истекува во 2026 година, но управата на „нероаѕурите“ е решена да го задржи стратегот со кого клубот оствари значајни успеси. Симоне Инзаги пристигна во Интер во 2021 година од Лацио и веќе има освоено титула во Серија А (2023/24), два Купа на Италија, три Суперкупа, како и едно финале во Лигата на шампионите во кое Интер беше поразен од Манчестер Сити во 2023 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.