April 15, 2025 | | Свет
И покрај убедливиот пораз од Арсенал (3-0) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, фудбалерите на Реал Мадрид не губат надеж. Англичанецот Џуд Белингем изрази силна верба дека „кралевите“ се способни за спектакуларен кам-бек на реваншот во Мадрид. „Ова е натпреварување на Реал Мадрид, дел од неговата историја. Иако загубивме 3-0, луѓето веруваат дека можеме да се пласираме понатаму. Вакво нешто се случува само во овој клуб“, изјави Белингем. Тој додаде дека зборот „ремонтада“ се слуша на секој чекор, што дополнително ја поттикнува мотивацијата во тимот. „Тоа нè мотивира, станува збор за вечер како креирана за Реал Мадрид. На нашиот стадион владее неверојатна и заразна атмосфера, потребни ни се навивачите.“ Со 15 титули во Лигата на шампионите, Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето и многупати во минатото успеал да се врати од речиси невозможни ситуации. Сега, уште еднаш, „Сантијаго Бернабеу“ се надева на уште едно чудо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |