April 15, 2025 | | Свет
Реал Мадрид викендов тешко издвои победа против Алавес со 0-1, но резултатот падна во сенка поради црвениот картон на Килијан Мбапе кој направи крвнички старт. Судијата очигледно не беше доволно концетриран, па првично му додели само жолт картон. Но, по деталната проверка, Мбапе доби директен црвен картон. Иако се очекуваше тој да добие минимум 3 натпревари суспензија, сепак пресуди извештајот на студијата Дел Градо кој наведе дека Мбапе „се борел за топка“, па поради тоа суспензијата ќе важи само еден натпревар. Гледајќи го стартот каде истиот го погледна главниот судија на ВАР, јасно се гледа дека во никој случај не станува збор за борба за топката, туку чиста намера за старт.
Kylian Mbappe first red card got Real Madrid pic.twitter.com/m22IeGQNPf
— BLAC™ (@ArseLegend) April 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |