Таткото на Даку: Мојот син не заслужува суспензија, тој е добро момче

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Таткото на Даку: Мојот син не заслужува суспензија, тој е добро момче

После целиот скандал со албанскиот репрезентативец со потекло од Косово, Мирлинд Даку каде по ремито против Хрватска преку мегафон и ги навредуваше Србите и Македонците, тој сфати дека направи голема глупост и преку социјалните мрежи се покаја, но не посочи на кој точно се извинува. Се огласи и неговиот татко и ја коментираше целата ситуација. „Како што пишуваат медиумите, мојот син не кажал такви работи. Мирлинд е едноставно емотивна и експлозивна личност. Тој го направи тоа ненамерно и веќе им се извини на оние што ги повреди, но мислам дека нема да се збогува со турнирот. 100% е погрешно да се повикува на убивање Срби! Мојот син дефинитивно ќе сфати дека направил голема грешка’’. Тој спомена и дека син му има поддршка во Хрватска, Словенија и сега во Русија. ,,На сите им е познато неговото однесување како фудбалер. Момчето е многу добро, но ова е негово прво ЕП во кариерата и сето тоа се емоции. Мислам дека не заслужува суспензија од турнирот“, изјави Фехми Даку во интервју за руски „Спорт24“. Во меѓувреме се чека одлуката на УЕФА за тоа дали Даку ќе биде суспендиран.    

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.