April 16, 2025 | | Свет
Астон Вила оствари голема победа од 3-2 над Пари Сен Жермен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но таа не беше доволна за пласман понатаму. Менаџерот Унаи Емери не ја криеше гордоста, но и разочараноста. „Горд сум на се што постигнавме. Ова е чекор напред за Астон Вила и нашите амбиции. Борбата беше исклучителна, но ни недостасуваше уште еден голем момент за да направиме целосен пресврт“, изјави Емери, додавајќи дека му е жал што навивачите не добија шанса да слават пласман во полуфинале. Од другата страна, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше задоволен од вкупниот настап на неговиот тим и покрај поразот на „Вила Парк“. Голманот Донарума и дефанзивецот Пачо беа клучни со неколку неверојатни одбрани и спасувања од гол-линија. „Астон Вила одигра одлично, но ние сме во полуфинале втора година по ред. Се боревме, покажавме карактер. Донарума беше фантастичен, атмосферата беше интензивна, но покажавме зошто сме на ова ниво. Горд сум на мојот тим. Мислам дека го имам најдобриот тим во светот“, рече Луис Енрике по мечот. Париз го чека нов предизвик на патот до големото финале, додека Астон Вила ќе се гордее со историскиот настап и големата борба против еден од европските гиганти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |