April 16, 2025 | | Македонија
Црвена Звезда денеска ќе биде гостин на Вардар во рамките на пријателски натпревар во чест на загинатите и жртвите на страшниот пожар во Кочани. Целиот приход од натпреварот ќе биде наменет за семејствата на загинатите, а покрај спортскиот, настанот ќе има и силен емоционален и хуман карактер. Белградскиот клуб ќе пристигне во Македонија не само со првиот тим, туку и со своите ветерани, меѓу кои ќе бидат и познати фудбалски имиња од Македонија. Почнувајќи од 17 часот, навивачите ќе имаат можност да се дружат со легендите на Звезда во специјално организираната фан зона, сè до почетокот на мечот. На полувремето од средбата, ветераните ќе истрчаат почесен круг на теренот, оддавајќи почит и сеќавање. Ќе ги гледаме повторно на терен фудбалските легенди како Дарко Панчев, Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Драган Канатларовски и Горан Попов, кои настапувале и за Вардар и се закитиле со трофеи во југословенската и македонската ера. Друштво ќе им прават имиња како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Мирковиќ, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ и други. Овој настан претставува повеќе од фудбал бидејќи истиот е симбол на солидарност, сеќавање и заедништво.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |