April 16, 2025 | | Македонија
Од Кавадарци деновиве доаѓа една топла и инспиративна приказна која го допира срцето, а тоа е приказната за младиот Иле Ристевски, 14-годишен тинејџер кој, и покрај тешкото детство, успеал да ја пронајде својата животна радост, благодарение на спортот, добрите луѓе и несебичната поддршка. Сепак, Иле сè уште има потреба од помош од хуманите граѓани. Животот не бил лесен за Иле. Тој живее со своето 11-годишно братче и баба, откако го загубил таткото, а мајката заминала од градот и оформува ново семејство. Има блага попреченост, но тоа не го спречува да се школува. Тој е редовен ученик во земјоделско-шумарското училиште во градот. Промената во неговиот живот започнува кога Кавадарци добива спортска иницијатива наменета за лица со попреченост – „Кавадаречки срца“. Иле бил еден од 25-те деца кои се приклучиле на овие физички активности и заеднички дружења, што се покажале како клучен чекор кон нивната инклузија во општеството. Орданче Бошковски, раководител на Центарот за невладини организации, прв го забележал потенцијалот кај Иле. Во разговор за „Фокус“, тој вели дека целта била не само да ги вклучат децата во спортот, туку и да им овозможат чувство на припадност, радост и поддршка. Целиот текст на Фокус.мк
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |