April 16, 2025 | | Свет
Бразилската полиција започна истрага против францускиот фудбалер Димитри Паје, по сериозните обвинувања изнесени од неговата поранешна партнерка, 28-годишната адвокатка Лариса Наталија Ферари. Според неа, Паје е виновен за физичко, морално, психолошко и сексуално злоставување. Во нејзината исповед, Ферари тврди дека била жртва на разни форми на понижување, наводно по барање на Паје. „Мораше да докажувам колку го сакам, снимена како пијам сопствена урина, вода од тоалет и го лижам подот. Тоа за него значело љубов“, изјавила таа. Фудбалерот од 2023 година игра за бразилскиот клуб Васко да Гама, каде што и започнал врската со Ферари, која претходно била навивач на клубот. Иако првично не планирале долгорочна врска, со текот на времето се зближиле и односот станал посериозен. Лариса исто така ги негира гласините дека во врската била поради пари. Потенцира дека во нивните седум месеци заедно, последниот пат дури и отпатувала до Рио со автобус, а не со авион.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |