April 16, 2025 | | Македонија
По завршувањето на хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, голманот на Вардар, Филип Гачевски, се обрати со емотивни зборови. Тој изрази искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани и потенцираше колку е важно спортот да обединува луѓе во вакви тешки моменти. Гачевски исто така посака Вардар во иднина повторно да биде дел од големите фудбалски сцени и да игра значајни натпревари, кои ќе му доликуваат на клуб со таква историја. „Сакам да изразам сочувство од нашиот клуб до семејствата за настраданите во Кочани, знаеме дека за нас како нација ова беше една голема трагедија и сакам да оддадам голема благодарност за организацијата на овој настан и за навивачите што присуствуваа. Нека не се случи повторно таков настан, нека се случуваат убави работи и да не собираме за вакви настани. Вардар е најголем клуб и заслужува да игра поголеми натпревари“, изјави Гачевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |