Анчелоти: Не размислувам за оставка, некои мислат само јас сум виновен

April 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Не размислувам за оставка, некои мислат само јас сум виновен

Реал Мадрид беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако претрпе нов пораз, овојпат пред домашната публика на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2. По натпреварот, италијанскиот стратег Карло Анчелоти се појави на прес-конференција и одговори на бројни прашања, вклучително и за неговата иднина на клупата на „кралскиот клуб“. Почнаа шпекулации за можна смена, но Анчелоти остана смирен. „Кога ќе дојде денот да си одам од Реал Мадрид, без разлика дали ќе го одработам договорот до крај или ќе си заминам порано, ќе им се заблагодарам на сите“, рече тој. Тој беше прашан и дали би променил нешто од двомечот. „Не би менувал ништо. Дадовме се од себе. Не размислувам за оставка. Некои ме сметаат за главен виновник, но тоа не ме загрижува. Сметам дека тимот беше добар во ова натпреварување, иако можеби ни недостигаше малку повеќе тимски дух. Мора да останеме достоинствени, никој не е непобедлив“, додаде искусниот тренер. Со елиминацијата на Реал, познато е дека Европа ќе добие нов шампион, бидејќи токму мадридскиот гигант ја бранеше титулата освоена минатата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.