April 17, 2025 | | Свет
Нејмар, некогашното златно момче на бразилскиот фудбал, падна на тревата во болка, можеби за последен пат во овој дрес. Натпреварот против Атлетико Минеиро започна ветувачки за Сантос, кој веќе имаше предност од 2-0 со головите на Зе Ивалдо и Бареал. Но, мечот заврши во сосема поинаков тон, со загриженост, со погледи вперени кон Нејмар, кој не можеше да ја сокрие болката и разочарувањето. Првичните прегледи сугерираат повреда на задната ложа, дел од телото кој му создавал големи проблеми и во минатото. Повредата доаѓа во најлош можен момент, токму кога навивачите на Сантос веруваа дека нивниот херој повторно го наоѓа својот ритам. По враќањето од Саудиска Арабија, каде речиси и не играше, Нејмар се обиде да се рестартира. Во 2024 година одигра десет натпревари, запиша три гола и три асистенции, сосема доволно за да се разбуди надежта. Повредата што го извади од игра ја обои целата вечер, оставајќи го отворено прашањето, дали ова беше последниот танц на еден од најталентираните фудбалери на својата генерација?
لحظه مغادرة الأسطورة نيمار 😭😢💔 https://t.co/Q8TdXR2FEO pic.twitter.com/F0qA0XRaTs
— Team Neymar (@TeamNey10) April 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |