Ова е недозволиво: Промашување кое Грузијците ќе го паметат! (ВИДЕО)

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова е недозволиво: Промашување кое Грузијците ќе го паметат! (ВИДЕО)

Селекцијата на Грузија денеска го забележа првиот освоен бод во историјата на Европското првенство каде одиграа реми со Чешка од 1-1. Во 95. минута Грузијците имаа неверојатна шанса каде Саба Лобјанидзе пред голот не успеа воопшто ни да го погоди во акција која беше последна на натпреварот и која ќе го одлучеше победникот. По овој нерешен резултат, Грузија остана во друштво на земјите кои немаат победа во историјата на ЕП. Таму е и Македонија која пред три години ги загуби сите три меча во групната фаза, а во ова друштво се наоѓаат уште и репрезентациите на Летонија и Словенија.

Saba Lobjanidze's miss against Czechia to win 90+5' byu/bosebosebosebosebos inMLS

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.