Дали Рудигер требаше да биде исклучен за ваквиот старт?

April 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дали Рудигер требаше да биде исклучен за ваквиот старт?

Екипата на Реал Мадрид го заврши настапот во Лигата на шампионите по поразот и во реваншот од четвртфиналето против Арсенал, со што англискиот тим обезбеди пласман во полуфиналето. Натпреварот не мина без контроверзии. Во фокусот на јавноста се најде дефанзивецот на Реал, Антонио Рудигер, поради еден очигледно неспортски потег. Германскиот репрезентативец во текот на натпреварот намерно го згазна младата сензација на Арсенал, Мајлс Луис-Скели. Иако ситуацијата беше јасно видлива, судиите на теренот не реагираа, а не следеше ниту интервенција од ВАР собата. Инцидентот помина без санкции, но не и без реакција на социјалните мрежи, каде навивачите и фудбалската јавност жестоко го осудија потегот на Рудигер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.