April 17, 2025 | | Свет
Арсенал ја продолжи својата европска бајка со елиминација на бранителот на титулата Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Микел Артета беше доминантен во двомечот, победувајќи со 3:0 во Лондон и 2:1 во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. Првото полувреме во Мадрид заврши без голови, но вниманието го привлече моментот од 13. минута кога Букајо Сака се обиде да го совлада Тибо Куртоа со паненка удар од белата точка, но сепак белгискиот голман успешно го прочита неговиот обид. Инцидент следеше при заминувањето на играчите во тунелот, кога повредениот Дани Карвахал вербално го нападна Сака. Според шпанските медиуми, причината за реакцијата на Карвахал е токму стилот на изведување на пеналот, кој го смета за потценување на Реал Мадрид. Размената на зборови заврши со турканици, пред ситуацијата да биде смирена. Медиумот „Дефенса Сентрал“ објави дека Карвахал бил особено гласен во соблекувалната по елиминацијата, обидувајќи се да го подигне моралот на тимот. Притоа ја цитирал славната изјава на Жозе Мурињо. „Тие кои толку многу се веселат кога Реал губи, тоа го прават затоа што знаат дека сме најголеми.“ Карло Анчелоти, иако не можеше да смета на Карвахал поради повреда, инсистираше да биде дел од тимската атмосфера пред натпреварот, исто како во претходниот дерби натпревар со Атлетико Мадрид. Овојпат, Реал Мадрид мораше да го прифати крајот на европската кампања, додека Арсенал се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со Пари Сен Жермен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |