Моќта на фудбалот: Кога солзите станаа славје за три минути за младиот навивач на Јунајтед (ВИДЕО)

April 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Моќта на фудбалот: Кога солзите станаа славје за три минути за младиот навивач на Јунајтед (ВИДЕО)

Неверојатна драма се одигра на „Олд Трафорд“, каде Манчестер јунајтед успеа да го елиминира Лион по вистински фудбалски трилер и да обезбеди пласман во полуфиналето на Лига Европа. Францускиот тим имаше резултат од 2-4 во продолженијата, но за само седум минути Јунајтед направи шокантен пресврт, постигнувајќи три гола и обезбедувајќи полуфинале. По головите на Коби Мејну и Хари Мегваер, во самиот финиш, „црвените ѓаволи“ поведоа со 5-4 и го завршија мечот како победници. Меѓу најемотивните моменти беше реакцијата на едно младо „ѓаволче“ на трибините. Камерите го уловија додека плачеше во 118-та минута, преплашен дека неговиот тим ќе биде елиминиран од десеткуваниот Лион. Но, само три минути подоцна, неговото лице блескаше од радост. Телевизискиот пренос пренесе вистински ролеркостер на емоции, а присутните навивачи ја доживеаа секоја секунда од фудбалскиот спектакл.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.