April 18, 2025 | | Свет
Барселона оваа сезона прикажува врвна форма, а новиот стратег Ханси Флик успеа да направи вистински пресврт уште во својата дебитантска година на клупата на каталонскиот гигант. Веќе го освоија Суперкупот на Шпанија, а сега се во игра за уште три големи трофеи пред финишот на сезоната. Каталонците се на врвот на табелата во Ла Лига, со четири бода предност пред Реал Мадрид, а воедно се пласирани и во финалето на Купот на кралот, каде токму со „кралскиот клуб“ ќе се соочат на 26 април во Севиља. Покрај тоа, се најдоа и меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите, каде што ќе играат полуфинален двомеч со италијанскиот Интер. Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Флик работи интензивно на одржување на концентрацијата кај своите фудбалери. Во таа насока, тој донел одлука да воведе ново правило – дури и ако Барса го освои Купот на кралот, нема да има голема прослава. Наместо тоа, тимот ќе организира само скромна заедничка вечера, со цел целосен фокус да се задржи на претстојниот полуфинален дуел со Интер, кој доаѓа само четири дена подоцна. Немачкиот стратег јасно им дал до знаење на своите играчи дека нема место за еуфорија, бидејќи нивниот распоред е исклучително интензивен. Освен дуелите со Интер, Барса набрзо потоа ја очекува и уште една пресметка со Реал Мадрид во Ла Лига, натпревар што би можел да биде клучен за титулата во шпанскиот шампионат. Покрај строгата дисциплина, Флик планира и мали психолошки интервенции каде во соблекувалната ќе бидат поставени мотивирачки цитати од легендарни спортисти, за да се поттикне борбениот дух и менталната сила на фудбалерите во најважниот дел од сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |