April 18, 2025 | | Свет
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со доза на фрустрација и реализам зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот со Селта, кој го чека неговиот тим утре на „Камп Ноу“. Иако каталонскиот гигант води на табелата во Ла Лига и е активен на сите фронтови, германскиот стратег не е целосно задоволен. Флик најмногу ја критикуваше згуснатата агенда која, според него, сериозно го загрозува здравјето и формата на фудбалерите. „Не знам дали некој реално ја гледа ситуацијата. Немаме време за опоравување, а ниту одмор. Во другите лиги ги штитат играчите, тука ги исцрпуваат. Сакам да го видам човекот кој ги прави овие распореди. Ова е шега“, рече видно револтираниот Флик. Германецот не се воздржа и повторно ја спомена ситуацијата по поразот од Дортмунд во Лигата на шампионите. „Знам дека не одигравме добро во Дортмунд. Но, горд сум на момците, изгубивме еден натпревар, а имаме шанса за тројна круна. Тоа треба да се цени.“ Во однос на утрешниот натпревар со Селта, Флик изјави дека е подготвен за нивниот стил и дека тимот работел на корекција на грешките од претходниот натпревар. Особено внимание посвети на индивидуалниот учинок на неколку фудбалери. „Ламин Јамал е гениј на само 17 години. Но, мораме внимателно да го менаџираме. Ако податоците кажат дека е подготвен, ќе игра. Што се однесува до Кунде, тој не знае да одмара. Ќе му дадам 30 минути одмор, а следниот ден пак игра 90.“ Флик се осврна и на потенцијалниот полуфинален противник Интер, пофалувајќи ја италијанската екипа. „Играат одличен фудбал, имаат јасна визија. Особено ми се допаѓа Павар, тој беше мој играч. Интер е сериозен тим со одличен тренер.“ И покрај сите критики, Флик заклучи дека тимот останува фокусиран и дека до крајот на сезоната ќе даде сè од себе. „Не создавам изговори. Имаме добри позиции на сите фронтови. Но, ако сакаме европски успех, и шпанската лига треба да помогне. Ова што ни се случува едноставно не е одржливо.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |