„Криви се Перез и Мбапе, доста го критикувате Анчелоти“

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Криви се Перез и Мбапе, доста го критикувате Анчелоти“

Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Ариго Саки, се огласи по елиминацијата на „кралевите“ од Лигата на шампионите, изразувајќи жалење поради тоа што целиот притисок паѓа врз тренерот Карло Анчелоти. Според него, вината не треба да се сведува само на стратегот од Речо, туку и на претседателот Флорентино Перез и првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе. „Знам дека критиките се дел од фудбалот, но не можам да стојам на страна кога гледам како сите прстот го вперуваат во Карло.  Луѓето забораваат кој е Анчелоти, што има постигнато, и колкави човечки и професионални квалитети поседува“, изјави Саки. Тој потенцира дека Реал треба сериозно да размисли пред да се раздели со тренер како Анчелоти. „Погледнете ја целата сезона колку повреди имаше тимот, колку натпревари одиграа без природен централен дефанзивец. А кога веќе зборуваме за засилувања, купија напаѓач за кој сите очекуваа чуда, но Мбапе досега не го оправда тоа“, додава тој. Саки не го поштеди ниту претседателот Перез. „Добро го познавам Флорентино. Тој е одличен лидер, но има слабост, премногу е фокусиран на офанзивни играчи. За да го убедам да го донесеме Серхио Рамос ми беа потребни три месеци. Едноставно не сака да инвестира во дефанзивата, а без рамнотежа, нема стабилен тим“, заклучи Саки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.