Атлетико пак не го победи Лас Палмас во гости: Заврши битката за Ла Лига (ВИДЕО)

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико пак не го победи Лас Палмас во гости: Заврши битката за Ла Лига (ВИДЕО)

Во вистинско фудбалско изненадување, Лас Палмас успеа да го совлада силниот Атлетико Мадрид со минимални 1:0, на свој терен, во рамките на 32. коло од Ла Лига. Со овој шокантен пораз, дури и најголемите оптимисти меѓу навивачите на „јорганџиите“ мораат да се соочат со тоа дека битката за титулата заврши. Атлетико останува на третата позиција со 63 освоени поени, цели 10 зад водечката Барселона, а остануваат уште само шест кола до крајот на сезоната. Од друга страна, Лас Палмас доби огромна инјекција на надеж каде со триумфот изби над црвената зона и сега има 32 бода во мисијата за опстанок. Натпреварот мина во жесток ритам полн со прекини, инциденти и груби дуели, но домашните сепак славеа со погодокот на Муњоз во самата завршница, дури во 93. минута, носејќи им три златни бода и ерупција на радост на трибините.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.