Проблем за Флик: Левандовски ги пропушта дуелите со Интер и Реал Мадрид?!

April 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблем за Флик: Левандовски ги пропушта дуелите со Интер и Реал Мадрид?!

До крајот на фудбалската сезона во Европа останува нешто повеќе од еден месец, а Барселона сè уште е во трка за тројната круна. Но, клучниот период Барса може да го помине без еден од најважните играчи, Роберт Левандовски. Полјакот заработи повреда на вчерашниот натпревар против Селта, а првите информации говорат за скинат мускул на задната ложа. Денешните медицински прегледи треба да потврдат колку е сериозна повредата, но првичните прогнози не се охрабрувачки. Ако се испостави дека прогнозите се точни, Барса ќе биде значително ослабена во најважните мечеви од сезоната. Левандовски ќе ги пропушти најмалку шест натпревари, меѓу кои и двата полуфинални дуели од Лигата на шампионите против Интер, финалето на Копа дел Реј против Реал Мадрид, како и потенцијално пресудниот меч во Ла Лига на 11 мај. Постојат минимални шанси голгетерот да се врати за тоа дерби во 35. коло, но само доколку рехабилитацијата оди идеално и без компликации. Останува да се види дали Барселона ќе успее да ги преброди овие предизвици без својот најдобар стрелец и лидер на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.