Фудбалери на Гостивар пет часа биле држени во полициска станица

April 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Фудбалери на Гостивар пет часа биле држени во полициска станица

По завршувањето на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар, кој заврши нерешено 1-1, на теренот настана вистински хаос. По финалниот свиреж се случи голема мешаница и турканица во која беа вмешани повеќе лица, а инцидентот продолжи и надвор од фудбалските рамки. Од таборот на Гостивар реагираа со официјално соопштение, во кое откриваат дека тројца нивни фудбалери биле задржани во полициска станица со часови. Според нивната верзија, играчите не само што биле приведени, туку во тој период никој од клубот, семејствата или јавноста не смеел да стапи во контакт со нив. „Три наши фудбалери и еден член на персоналот се пет часа приведени во полициската станица во Струга. Не смеат да се гледаат со своите сопруги или соиграчи. Управата на тимот и нашиот спортски директор со часови чекаат на студ пред полициската станица да добијат вести за ситуацијата во која се наоѓаат тие“, стои во соопштението на Гостивар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.