April 20, 2025 | | Свет
Рубен Аморим доживеа нов удар во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, откако неговиот тим запиша осми домашен пораз сезонава, бројка што значи рушење на неславен рекорд стар повеќе од половина век. Ваквиот биланс не е забележан уште од пред 53 години во елитниот англиски фудбал. Иако Португалецот веќе ја насочи својата стратегија кон Лигата на Европа, гледајќи ја како единствен пат кон пласман во Лигата на шампионите, не можеше да го скрие разочарувањето по денешниот пораз од Вулверхемптон. Манчестер Јунајтед едноставно не успева да најде константност во Премиер лигата. „Примивме гол буквално од единствениот удар што го упатија кон нашиот гол. Бевме подобри од противникот, имавме посед и шанси, но добро познато е дека во фудбалот ако не знаеш да дадеш гол никако не можеш да победиш. Тие дадоа еден гол и на крајот славеа. Знам дека е разочарувачки, ќе биде вака до крајот на сезонава, верувам дека од почетокот на следната сезона ќе бидеме многу подобри“, изјави Аморим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |