Консеисао неславно ќе ја заврши етапата како тренер на Милан

April 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао неславно ќе ја заврши етапата како тренер на Милан

Изгледа дека авантурата на Сержо Консеисао на клупата на Милан ќе заврши веќе со крајот на актуелната сезона. Италијанските медиуми шпекулираат дека раководството на „росонерите“ веќе бара нов стратег кој ќе ги води по крајот на оваа сезона. Иако почетокот беше ветувачки со освојување на Суперкупот на Италија каде беа совладани Јувентус и Интер, ситуацијата драстично се промени. Консеисао беше славен херој, пушеше пури и танцуваше во соблекувалната, но сега, само неколку месеци подоцна, клубот се соочува со целосно разочарувачка сезона. Последниот пораз од Аталанта беше капката која ја прели чашата. Иако на хартија Милан сè уште има теоретски шанси за пласман во Лигата на шампионите, реалноста е поинаква каде на пет кола до крај, разликата со топ пет тимовите е преголема за да се надомести. Резултатите се променливи, формата нестабилна, а бодовите полека, но сигурно, се губат. Очекувањата беа големи, но реалноста покажа дека Консеисао не успеа да направи вистинска разлика. По крајот на сезоната, Милан ќе тргне во нова ера, со нов тренер и нови надежи за враќање на врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.