Српски судија отворено призна дека ја украл титулата од Партизан и ја наградил Ц. Звезда!

April 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Српски судија отворено призна дека ја украл титулата од Партизан и ја наградил Ц. Звезда!

Српскиот судија Новак Симовиќ шокираше со своето најново признание, отворајќи душа во интервју за „Спортски журнал“ за една од најконтроверзните ситуации во српскиот фудбал во последните години. Станува збор за натпреварот меѓу Партизан и Чукарички, одигран во април 2022 година, меч кој и денеска се споменува како клучен момент во трката за титулата меѓу вечните ривали, Партизан и Црвена звезда. Симовиќ отворено призна дека направил сериозна судиска грешка не покажувајќи директен црвен картон на фудбалерот на Чукарички, Бојан Ковачевиќ, по остар старт врз Рикардо Гомеш. Мечот заврши без победник, а Партизан со исклучување ќе имаше играч повеќе и реални шанси за три бода. „Тоа ми остана како најголем товар. Жал ми е што тогаш немаше ВАР, немав можност да ја исправам грешката. По мечот лично му се извинив на Станојевиќ, беше тежок, но културен разговор“, истакна Симовиќ. Тој ги негираше шпекулациите дека дошло до жестока расправија со тренерот на Партизан, нагласувајќи дека имало меѓусебно почитување. Црвена звезда на крајот ја освои титулата со 100 бода, само два повеќе од Партизан, разлика која, според многумина, можеби немаше ни да постои ако судиската одлука на Баново брдо беше поинаква.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.