Шеици сакаат да инвестираат во фудбалски клуб од Македонија!

April 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шеици сакаат да инвестираат во фудбалски клуб од Македонија!

Инвеститорски интерес од Саудиска Арабија се појави за фудбалски клуб од македонската Прва лига, при што арапски шеик разгледува можности за вложување во клуб со богата традиција. Според изјава на Ремзи Ејупи, почесен претседател на ФК Приштина, иницијални разговори веќе биле започнати, а интересот не е ограничен само на Косово и Албанија, туку се проширува и кон Македонија. „Точно е дека се разгледуваат опции за инвестиции на Балканот. Тие сакаат клуб кој има јасна визија за следната деценија, и веќе ја анализираа ситуацијата на теренот. Наредниот месец се очекува повторна посета на арапските инвеститори“, изјави Ејупи за Опен ТВ. Притоа, како што пренесува истиот извор, вложувачите од Саудиска Арабија имаат амбиција да преземат клуб од најсилната македонска фудбалска лига, што би можело да донесе големи промени во регионалниот фудбалски пејзаж.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.