June 23, 2024 | | Свет
Србија успеа да извади бод во последната минута против Словенија и така математички остана во игра за евентуален пласман во нокаут фазата. Тие пак во првото коло изгубија од Англија со минимални 1-0. Покрај пласманот на првите две селекции во секоја група кои ќе се пласираат директно, место ќе има и за најдобрите четири најдобропласирани трети од шесте групи. Србите кројат план како со евентуално реми со Данска би можеле понатаму. Постојат три сценарија за да се случи тоа. Првото е Англија да ја совлада Словенија со два или повеќе голови, Шкотска и Унгарија да одиграат нерешено, Италија да не загуби од Хрватска, а Шпанија да ја победи Албанија. Второто сценарио е Англија со два или повеќе разлика да ја победи Словенија, Шкотска и Унгарија да одиграат нерешено, Турција да ја победи Чешка, а Португалија да не загуби од Грузија. За третото сценарио, покрај тоа што Англија треба со два или повеќе разлика да ја победи Словенија, Португалија не треба да загуби од Грузија, Турција да слави над Чешка, Шпанија да биде подобра од Албанија, а Италија да не загуби од Хрватска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |