April 23, 2025 | | Свет
Поради прогласениот национален ден на жалост за погребот на Папата Франциск. натпреварот помеѓу Интер и Рома од 35. коло во Серија А е официјално преместен за недела, 27 април, со почеток во 15:00 часот. Иако имаше шпекулации дека Серија А ќе направи исклучок и ќе го задржи дуелот во сабота, за на „нероаѕурите“ да им се даде повеќе време за одмор пред судирот со Барселона во Лигата на шампионите, сепак до тоа не дојде. Одлуката беше донесена по објавата на италијанскиот министер за цивилна заштита, Нело Мусумечи, кој утрото во вторникот потврди дека саботните средби нема да се одиграат, поради фактот што погребот на Папата ќе се одржи истиот ден во Рим. Покрај Интер–Рома, одложени беа и натпреварите Комо–Џенова и Лацио–Парма. Според новиот распоред, Комо и Џенова ќе играат во недела од 12:30 часот, додека дуелот меѓу Лацио и Парма ќе се одигра дури во понеделник од 20:45 часот. Во јавноста се појавија и гласини дека Интер можеби ќе побара нивниот дуел со Рома да биде преместен за подоцна, дури и за средината на мај бидејќи оваа и следната недела им претстојат две големи пресметки: прво против Барселона, а потоа и дербито со Милан во Купот на Италија. Сепак, од Серија А ја отфрлија таа можност, оценувајќи дека евентуално преместување на мечот за подоцна би го нарушило спортскиот интегритет на лигата, особено со оглед на тоа што Интер и Наполи моментално имаат ист број бодови на врвот на табелата. Конечната одлука остава на Интер само 78 часа одмор пред нивниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој ќе се игра во среда, 30 април, на гостински терен против Барселона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |