На Винисиус му се заканува суспензија од две години!

April 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На Винисиус му се заканува суспензија од две години!

Фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, се соочува со сериозни последици бидејќи може да биде суспендиран на две години, доколку ФИФА утврди постоење на конфликт на интереси поврзан со неговото сопствеништво во повеќе клубови. Случајот е инициран од бразилската компанија „Тиберис Холдинг до Бразил“, која поднесе формална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА. Во жалбата се тврди дека Винисиус, преку посредни врски, има удел во неколку фудбалски клубови, што според правилниците може да претставува сериозно прекршување. Според наводите, компанијата која е предмет на спорот ја водат неговиот татко и агентот Тасило Соарес, а таа има деловен интерес во клубот Атлетик Билбао де Сао Жоао дел Реј во Бразил. „Тиберис“ тврди дека биле заобиколени при трансакцијата и дека правото на прва понуда им било одземено, со што клубот наводно бил пренесен на фирма поврзана со Винисиус. Дополнително, се споменува и поврзаноста на бразилскиот напаѓач со португалскиот клуб Алерко, кој се натпреварува во втората лига, уште еден елемент што го зголемува сомнежот за конфликт на интереси. Во пријавата се повикуваат на член 20 од ФИФА правилникот, како и член 22 од шпанските спортски регулативи, каде што јасно се наведува дека активни фудбалери не смеат да бидат директни или индиректни сопственици на фудбалски клубови дури и во случаи каде што постои само потенцијален ризик од судир на интереси. ФИФА официјално го отвори предметот и ќе го разгледа случајот, а во зависност од исходот, на Винисиус Жуниор му се заканува двегодишна забрана за играње.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.