Арсенал се „кралеви“ за прекини: Нов интелегентен гол со глава! (ВИДЕО)

April 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал се „кралеви“ за прекини: Нов интелегентен гол со глава! (ВИДЕО)

Арсенал експресно стигна до водство против Кристал Палас преку Јакоб Кивиор кој ја затресе мрежата веќе во третата минута од натпреварот. „Топчиите“ повторно ја демонстрираа својата опасност од прекини, нешто што станува сè почесто нивна силна страна под водство на тренерот за прекини, Никола Жовер. И овојпат, една прецизно вежбана корнер акција заврши со погодок, при што Кивиор се најде на вистинското место во вистинско време. Очигледно е дека работата на Жовер дава резултати каде прекините станаа едно од најсмртоносните оружја на Арсенал оваа сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.