April 24, 2025 | | Македонија
Хуманоста уште еднаш победи на фудбалскиот терен каде речиси 100.000 евра се собраа од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, одигран во чест и поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани. Арената „Тодор Проески“ беше исполнета до последно место, со повеќе од 25.000 гледачи кои дадоа свој придонес. Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, потврди дека по завршување на административните процедури, собраните средства преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени до семејствата на настраданите. Тој изрази огромна благодарност до Црвена Звезда за нивната поддршка во тешки моменти, како и до сите кои беа дел од оваа благородна мисија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |