Во Ливерпул и натаму се надеваат дека Трент ќе остане

April 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Во Ливерпул и натаму се надеваат дека Трент ќе остане

Сагата околу иднината на Трент Александер-Арнолд останува отворена, и покрај бројните шпекулации за негов трансфер во Реал Мадрид. Според извештаите на „Ливерпул Ехо“, постои реална надеж во таборот на „црвените“ дека ќе успеат да го задржат англискиот репрезентативец на „Енфилд“, особено по продолжувањето на договорите со Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах. Дополнителна неизвесност внесува ситуацијата во Реал Мадрид каде не е јасно дали Карло Анчелоти ќе остане на клупата и следната сезона, а токму тоа може да има влијание врз одлуката на Трент. Иако гласините за договор со „кралскиот клуб“ не стивнуваат, последниот настап на Александер-Арнолд во кој блескаше против Лестер и емотивно го прослави голот со гостинските навивачи им даде надеж на фановите на Ливерпул дека неговото срце сè уште чука за клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.