April 25, 2025 | | Свет
Шпанските медиуми откриваат дека Карло Анчелоти веќе дал конкретни насоки до претседателот Флорентино Перез за летниот трансфер пазар. Според информациите, стратегот на Реал Мадрид предложил четири потенцијални засилувања кои би ја зацврстиле екипата за наредната сезона. Минатото лето, „кралевите“ успеаја да ги донесат Килијан Мбапе и младата ѕвезда Ендрик, но и покрај бројните проблеми со повредени играчи, клубот остана неактивен во зимскиот преоден рок. Сега, се чини дека Анчелоти сака проактивен пристап, особено кога станува збор за одбраната и средниот ред. Меѓу имињата што ги предложил се Вилијам Салиба од Арсенал, Мануел Аканџи од Манчестер Сити, Алексис Мекалистер од Ливерпул и Сандро Тонали од Њукасл. Останува да се види дали Перез ќе ги послуша препораките на својот тренер и како ќе се развиваат работите на трансфер пазарот ова лето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |