Фудбалски хакер предупредува дека ќе објави нови документи дека Сити го прекршува ФФП

June 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалски хакер предупредува дека ќе објави нови документи дека Сити го прекршува ФФП

Драмата околу евентуалното прекршување на Финансискиот фер плеј од страна на Манчестер Сити продолжува. Откако од страна на Премиер Лигата прво тие беа обвинети со дури 115 пријави против нив за прекршување на правилата, потегот на Сити беше и тие да ја тужат Премиер Лигата поради наводна дискриминација. Сагата и натаму продолжува откако сега фудбалски хакер од „Football Leaks“ вели дека ќе објави мејлови и документи преку кои ќе биде утврдено дека Манчестер Сити свесно ги прекршувал правилата на ФФП. Претходно, фудбалскиот хакер Руи Пинто објави мејлови од службените адреси на Сити во 2018 година, но најголем дел од документите не беа испратени до медиумите. „Интерните пораки на клубот покажуваат дека во Сити влегувале големи суми пари кои не биле пријавувани кај надлежните. Овие документи се дел од истрагата, а јас во меѓувреме предадов пет хард-диска на германските и француските власти, со дополнителни докази за престапите на Сити“, вели Пинто преку видео линк од својата тајна локација. Документите кои претходно беа објавени од него страна ја натераа УЕФА да го исфрлат Сити две години од европските купови, но пресудата беше укината од Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Документите исто така ги открија и платите на ѕвезди како Меси и Нејмар, неплаќањето данок на Роналдо, како и деталите за трансферот на Бејл од Тотенхем во Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.