ФФМ пресече: Финалето од Купот ќе се игра на Градскиот стадион во Скопје

April 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ пресече: Финалето од Купот ќе се игра на Градскиот стадион во Скопје

Финалето на Купот на Македонија ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На 21 мај со почеток од 20:00 часот, екипите на Вардар и Струга Трим Љум ќе се борат за престижниот трофеј. Во полуфиналето, Вардар без поголеми проблеми го елиминираше Брера Струмица со вкупен резултат од 4:1, додека Струга излезе како победник со 3:2 во двомечот против Шкендија. Скопскиот гигант Вардар е најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување со пет куп титули, но последен пат го освои пехарот во далечната 2007 година. Од друга страна, за Струга ова ќе биде втор настап во финале, првиот пат загубија од Македонија ЃП пред две сезони, но сега ќе имаат нова шанса да испишат историја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.