April 26, 2025 | | Македонија
Фудбалерите на Вардар продолжуваат да редат победи во пролетниот дел од сезоната, откако денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ го совладаа тимот на Беса со 3-1. Херој на „црвено-црните“ беше искусниот Горан Закариќ, кој постигна два гола, првиот во самиот финиш на првото полувреме, а вториот во 58. минута за водство од 2-0. Беса успеа накратко да се врати со погодок за 2-1 во 69. минута, но Вардар веднаш возврати и само две минути подоцна ја потврди победата. Со оваа победа, Вардар се искачи на шестата позиција со 35 бодови, два повеќе од Шкупи, кој има натпревар помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |