April 26, 2025 | | Македонија
Дваесет и шестото коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) донесе вистински пресврти и изненадувања, особено во битката за врвот. Дербито меѓу Брегалница и Македонија ЃП заврши без голови (0-0), па лидерот успеа да задржи минимална предност на табелата. Башкими, кој имаше шанса да се доближи, неочекувано загуби кај Осогово (1-0), додека Арсими, исто така, киксна одигрувајќи 0-0 против Детонит Плачковица. На дното, важни победи забележаа Вардар Неготино (1-0 против Борец) и Победа (0-1 кај Вардарски), со што се доближија кон безбедната зона. Кожуф и Беласица ремизираа 1-1, Саса и Новаци одиграа 0-0, а ГФК Охрид славеше на гости кај Скопје (2-1). Табелата сега изгледа вака: Македонија ЃП – 57 бода Башкими – 56 Арсими – 55 Брегалница – 52 На дното: Победа – 30 Вардар Неготино – 30 Новаци – 29 Осогово – 22 (бараж) Борец – 13 Вардарски – 11
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |