Белингем незадоволен од судиите: Сè беше во корист на Барселона (ВИДЕО)

April 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингем незадоволен од судиите: Сè беше во корист на Барселона (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем доби црвен картон на самиот крај од драматичното финале меѓу Реал Мадрид и Барселона во шпанскиот Куп, натпревар што заврши со победа на Каталонците од 3-2. Фрустрацијата од резултатот, како и од неколку спорни судиски одлуки, очигледно го извадија Белингем од контрола. По последниот свиреж, во тунелот на стадионот, тој отворено ја изрази својата лутина кон судиите. „Секоја 50-50 ситуација завршува во нивна корист. Сè се свртува на нивна страна“, изјави Белингем видно вознемирен. Неговото однесување дополнително ќе биде разгледувано од страна на дисциплинските органи, а не е исклучено да следи и дополнителна казна за англиската ѕвезда на „кралевите“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.