Јамал: „Реал може да ни даде колку сака голови, но сезонава не може да не победи!“

April 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал: „Реал може да ни даде колку сака голови, но сезонава не може да не победи!“

Ламие Јамал освои четврти трофеј во својата кариера, а трет во кој тој беше еден од главните двигатели на Барселона и тоа пред да наполни 18 години! Младиот ас синоќа забележа две асистенции во финалето на Копа дел Реј, носејќи уште еден голем успех за каталонскиот гигант. Според најавите, ова може да биде само почеток на триумфалниот поход на Јамал, бидејќи Барселона е во трка за уште два трофеи оваа сезона, титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Радоста на Јамал беше очигледна по финалето каде гордо го прими медалот, а потоа испрати и моќна порака кон најголемиот ривал. „Оваа сезона не можат да нè победат. Можеме да примиме еден, два или повеќе голови, не е важно, ние пак ќе победиме,“ изјави тинејџерот со огромна самодоверба. Барселона оваа сезона ги доби сите три „Ел Класика“ досега, постигнувајќи 12 гола и примајќи само четири. Последниот судир меѓу двата гиганти е закажан за 11 мај на „Камп Ноу“, натпревар кој може да го одлучи и новиот шампион на Шпанија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.