April 27, 2025 | | Свет
По голема драма и продолженија, Реал Мадрид остана без трофејот од Купот на Шпанија, откако беше поразен од Барселона со резултат 3-2. „Каталонците“ први стигнаа до водство, „кралевите“ успеаја да направат пресврт, но на крајот Барселона не само што се извлече, туку и стигна до триумф. Карло Анчелоти, по натпреварот, истакна дека неговиот тим бил подобар и заслужил повеќе на овој меч. „Во второто полувреме одигравме одлично. Кога го намалија интензитетот, ние успеавме да наметнеме наша игра и да се заканиме. Имавме контрола на теренот, но сѐ се смени кога противникот се разигра. Дадовме сѐ што можевме и немаме за што да жалиме. Победата ни беше поблиску отколку што изгледа. Жал ми е што не успеавме да стигнеме до пехарот, но горд сум на фудбалерите“, оцени Анчелоти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |