ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул е новиот шампион на Англија! (ВИДЕО)

April 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул е новиот шампион на Англија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул се новите шампиони на Англија, откако на „Енфилд“ го совладаа Тотенхем со убедливи 5:1, со што создадоа недостижна бодовна предност во однос на Арсенал четири кола пред крајот на сезоната. Воздухот попладнево мирисаше шампионски. Ливерпул беше шампион уште во првата секунда од натпреварот со Тотенхем, и само првите четири минути од денешниот меч беа поинакви. Ливерпул сега и официјално е првак на Англија, а тоа го направија тоа тогаш кога многумина се сомневаа дека можат. Го направија тоа во својот град, на својот стадион, пред своите навивачи. Во 2020 година атмосферата не можеше да биде како денес поради пандемијата, но сега тоа го надоместија. Сета болка од долгото чекање, сите години на разочарување и сите емоции, денеска сето тоа ги погоди навивачите. Примија гол во 12. минута каде стрелец со глава беше нивниот поранешен играч Доминик Соланке, кој без двоумење го прослави погодокот и се обиде да го расипе веќе виденото славје. Но, Тотенхем не е тим од калибар што може да му парира на тимот на Арне Слот, што стана јасно само четири минути подоцна кога Луис Дијаз израмни на асистенција од Доминик Собослај. Унгарецот за милиметри избегна офсајд и ја протна топката пред голот. И повторно, резултатот одеше во корист на домаќините. Но, тоа не ги задоволи. Напротив, беа уште погладни да им подарат незаборавно попладне на своите навивачи и на градот. Алексис Макалистер во 24. минута со вистинска ракета го донесе пресвртот. Еден од најдобрите играчи на тимот сезонава апсолутно заслужено се запиша во листата на стрелци. Десет минути подоцна, дојде и моментот на Коди Гакпо, чие присуство оваа сезона исто така беше феноменално. По еден корнер, се снајде во гужвата, и покрај тоа што беше со грб кон голот, и постигна прекрасен погодок. А каков би бил меч за титула ако не се запише и тој? Во 63. минута, на свој препознатлив начин, од десната страна, Мохамед Салах навлезе кон центарот и погоди во блискиот агол за огромни 4:1. Ја зема телефонот од девојката покрај теренот и направи селфи со навивачите – момент што сигурно ќе биде врамен и закачен на ѕидовите на „Енфилд“. Петтиот гол падна кога Удоги си постигна автогол. Ова беше 20-та титула шампион на Англија за Ливерпул, и втора откако натпреварувањето го носи името „Премиер лига“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.