April 27, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) остро реагираше на срамниот потег на ФК Гостивар, кој денес го напушти теренот предвреме и одби да го доигра натпреварот од Првата лига против Работнички, по водството на скопската екипа со 1:2. Во своето официјално соопштение, ФФМ го осуди „свесниот и организиран“ чекор на домашниот тим, обвинувајќи го дека ја деградирал фудбалската сцена, го изневерил фер-плејот и се обидел да ја манипулира јавноста. Според ФФМ, уште пред почетокот на натпреварот, претставник на Гостивар ги известил судиите дека тимот ќе се повлече доколку резултатот не им биде поволен. „Ова е намерен чин, поттикнат од поединци со финансиски мотиви и нереализирани амбиции, кои не можат да функционираат во систем базиран на правила, транспарентност и чесност“, појаснува федерацијата. ФФМ поврза ваквите случувања со последните чекори на Управниот одбор за расчистување со криминалот и корупцијата во фудбалот, нагласувајќи дека токму тие одлуки предизвикале отпор кај одредени структури навикнати на привилегии. „Нема да дозволиме уцени, закани и валкани игри. Првенството ќе продолжи регуларно, а сите што се обидуваат да го нарушат интегритетот на македонскиот фудбал ќе се соочат со соодветни санкции. Воска и Гостивар нема да го валкаат фудбалот кој не го создале – немаат право да го уништуваат“, стои меѓу другото во реакцијата на федерацијата. ФФМ порачува дека борбата за чист, регуларен и достоинствен фудбал продолжува без компромиси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |